logo
logo
logo

Израел очекува утре да бидат ослободени сите живи заложници во Газа

Vecer | 12.10.2025

Израел очекува утре да бидат ослободени сите живи заложници во Газа

Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ослободувањето на последните живи заложници, кои ги држи радикалното палестинско движење Хамас, треба да започне утре во раните утрински часови – информација што претходно ја потврди и самата организација.

Портпаролката на израелската влада, Шош Бедросјан, изјави дека Израел е „подготвен да ги прими и телата на 28 убиени заложници, откако ќе бидат ослободени живите“.

Според договорот, дури потоа Израел ќе почне да ослободува стотици палестински затвореници од израелските затвори.

При последното примирје, потврдувањето на идентитетот на убиените заложници било извршено по обдукција во Израелскиот институт за судска медицина.

Бедросјан додаде дека живите заложници ќе бидат предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и ќе бидат транспортирани со шест до осум возила.

Таа, исто така, соопшти дека Израел нема да учествува на мировниот Самит за Газа што утре ќе се одржи во Египет под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп. - Ниту еден израелски претставник нема да присуствува, изјави портпаролката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk