logo
logo
logo

Израел обвинет за употреба на бел фосфор во нападите врз Либан

Vecer | 09.03.2026

Израел обвинет за употреба на бел фосфор во нападите врз Либан

Во извештај објавен денеска организацијата соопшти дека успеала да потврди и географски да лоцира седум снимки.

Запаливите својства на белиот фосфор можат да бидат фатални или да предизвикаат сериозни повреди со доживотни симптоми.

„Незаконската употреба на бел фосфор од страна на израелската војска над станбените области е исклучително алармантна и ќе има сериозни последици за цивилите“, рече Рамзи Кајс, истражувач за Либан во ХРВ, пренесе германската агенција.

Израелската војска првично не го коментираше  обвинувањето.

Белиот фосфор се пали при контакт со кислород во воздухот и продолжува да гори сè додека не остане ништо од него или не се прекине снабдувањето со кислород.

Дополнителен протокол на Женевските конвенции за меѓународно хуманитарно право забранува употреба на фосфорно оружје ако постои ризик дека првенствено ќе влијае на цивилите.

Пред нападот на 3 март, израелската војска го повика цивилното население да се евакуира и да остане на најмалку 1.000 метри од областа на нападот, покажува извештајот на ХРВ.

ДПА не можеше да потврди дали луѓето во областа биле повредени од белиот фосфор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk