Според официјалното соопштение, целта на оваа инвазија била да се воспостави „оперативна контрола“ над оваа стратешки важна област.

За време на операцијата, израелските војници лоцирале бази на Хезболах и подземни тунелски системи. Според армијата, во нив биле пронајдени „големи количини оружје, магацини и ракетни лансери“. Со воздушна поддршка, копнените сили убиле „десетици“ борци на Хезболах и ја уништиле инфраструктурата на групата поддржана од Иран.

До оваа операција, Израел држеше позиции во јужен Либан до самата река Литани. На овој дел беше воспоставена тампон зона со цел да се заштити северниот дел на Израел од постојаните напади на Хезболах, кој има бази во таа област.

Израелската војска вели дека најновата акција се случила јужно од таканаречената „жолта линија“ што Израел ја повлече по прекинот на огнот на 17 април. Оваа одбранбена линија служи како строга граница: на локалното население му е забрането да се враќа во областите под контрола на израелската армија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата