Менсер, сепак, рече дека Израел сака „сите фази“ од фазниот договор за прекин на огнот да стапат на сила, пренесува Асошиејтед прес. Преговорите за втората фаза од прекинот на огнот треба да започнат нешто повеќе од две недели по првата фаза, која започна утринава.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во посебна изјава повтори дека Израел нема да ја прекине војната додека сите заложници не се вратат дома. Тој додаде дека „ќе биде внимателен за одржување на тампон зоната и ќе одговори силно на секое прекршување и закана“. Израелските сили во првата фаза се повлекуваат во тампон зоните во Газа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата