logo
logo
logo

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Vecer | 06.10.2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Како што пренесе ДПА, двете страни ќе се обидат да постигнат договор заснован на планот од 20 точки што Трамп го објави пред една недела.

Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека првичниот фокус на разговорите, кои ќе се водат преку посредници, ќе биде постигнување договор за ослободување на преостанатите заложници кои ги држат милитантите во Газа во замена за палестински затвореници во Израел.

Хамас соопшти дека делегација предводена од нивниот искусен преговарач Халил ал-Хаја ќе патува на средбата во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик, додека израелската делегација ќе ја предводи министерот за стратешки прашања Рон Дермер.

Од американска страна ќе учествува специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џеред Кушнер.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласи дека Израел и САД се решени индиректните преговори со Хамас да траат само неколку дена.

Египет, Катар и САД посредуваат во конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Хамас во петокот соопшти дека прифаќа делови од планот на Трамп, по што Трамп го повика Израел веднаш да ги прекине бомбардирањата врз Појасот Газа.

Сепак, неколку клучни прашања во сеопфатниот мировен план на Трамп остануваат нерешени, меѓу кои и разоружувањето на Хамас, што групата досега го одбива, како и повлекувањето на израелските трупи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk