Договорот, потпишан од премиерот Нетанјаху и германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, ги осудува активностите на Техеран, како и на групите Хезболах, Хамас и јеменските Хути. Во документот се наведува дека овие актери ја загрозуваат не само безбедноста на Израел, туку и меѓународната стабилност.
Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, по средбата со германскиот колега, упати повик до Европската Унија итно да ја прогласи Иранската револуционерна гарда за терористичка организација.
- Ова одамна е позиција на Германија, а денес значењето на ова прашање е јасно за сите, истакна Саар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата