logo
logo
logo

Израел го запре ослободувањето на затворениците поради хаосот што се создаде при ослободувањето

Vecer | 30.01.2025

Израел го запре ослободувањето на затворениците поради хаосот што се создаде при ослободувањето

Израел го запре ослободувањето на палестинските затвореници кои требаше да бидат ослободени по враќањето на израелските заложници во знак на протест против сцените на хаосот околу ослободувањето на Арбел Јехуд, Гади Мозес и петмина тајландски државјани, јави Канал 12.

Во извештајот се вели дека затворениците биле во автобусите подготвени да бидат ослободени кога дошла наредба операцијата да запре.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) претходно потврди дека во рамките на последната размена во Газа се ослободени седум заложници, меѓу кои двајца Израелци и пет државјани на Тајланд.

Заложниците биле преземени од Црвениот крст, а потоа им беа предадени на израелските сили во Газа.

Исламски џихад претходно денеска исто така ослободи една заложничка, Агам Бергер.

Израелскиот претседател Исак Херцог го поздрави враќањето на осумте заложници во Израел и го критикуваше хаосот за време на предавањето.

- До солзи сме трогнати од враќањето од заробеништво на Агам Бергер, Арбел Јехуд и Гади Мозес, заедно со пет тајландски граѓани, рече Херцог во изјавата.

- Сцените од моментите на ужасот при нивното префрлање во Црвениот крст беа многу вознемирувачки и неприфатливи, истакна тој. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk