logo
logo
logo

Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето

Vecer | 26.01.2025

Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето

Арбел Јехуда, Израелка цивил, чие ослободување Израел го побара вчера, не е ослободена, а списокот во кој се наведува во каква состојба се заложниците планирани за ослободување во првата фаза не е поднесен, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Од Одделението за заложници во кабинетот на премиерот во врска со тоа денеска ги известиле семејствата на заложниците.

Израелските медиуми јавуваат дека се прават заеднички напори со САД за ослободување на Арбел Јехуда.

Во соопштението се додава дека се очекува „Хамас да постави препреки и да продолжи со маневри за психолошка војна на патот кон спроведување на договорот“, но дека Одделението за заложници е одлучно да обезбеди враќање на сите заложници, и живи и мртви.

Милитантите на Хамас вчера предадоа четири припаднички на израелската војска приведени во Газа, а Израел потврди дека за возврат ослободил 200 Палестинци од своите затвори како дел од договорот за прекин на огнот што стапи на сила минатата недела.

Тој ден, во првиот круг на размена, три млади Израелки беа ослободени во замена за 90 Палестинци кои беа во израелските затвори.

Во првата фаза од прекинот на огнот, кој ќе трае 42 дена, треба да бидат ослободени 33 заложници од Газа во замена за 1.900 Палестинци од израелските затвори. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk