logo
logo
logo

Израел го нападна главниот град на Јемен: Им зададовме тежок удар на терористите (ВИДЕО)

Vecer | 25.09.2025

Израел го нападна главниот град на Јемен: Им зададовме тежок удар на терористите (ВИДЕО)

Израелската војска соопшти дека меѓу целите биле седиштето на Хутите, безбедносната и разузнавачката инфраструктура и воените кампови.

„Нанесевме голем удар на неколку терористички цели на терористичката организација Хути во Сана“, изјави израелскиот министер за одбрана Израел Кац на платформата X.

Нападите се најнови во серијата непријателства меѓу Израел и јеменските Хути, кои започнаа поради војната во Газа.

Жителите во јеменскиот главен град изјавија за Ројтерс дека нападите биле концентрирани на југот и западот од Сана и се случиле додека се емитувал однапред снимен говор на лидерот на Хутите, Абдул Малик ал-Хути.

Напад со беспилотно летало, лансиран вчера од Јемен , повредил најмалку 20 лица во Еилат, на самиот југ од Израел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk