logo
logo
logo

Израел гаѓаше позиции на Хезболах во јужен Либан, кај замокот Бофорт

Vecer | 31.08.2025

Израел гаѓаше позиции на Хезболах во јужен Либан, кај замокот Бофорт

Како што е наведено во соопштението на ИДФ, цел на нападите била воената инфраструктура на Хезболах, вклучувајќи ги и подземните инсталации, каде што била идентификувана воена активност во областа на замокот Бофорт во јужен Либан.

Последната војна меѓу Израел и проиранскиот Хезболах во Либан заврши со прекин на огнот на 27 ноември минатата година.

Спогодбата за прекин на огнот беше склучена со американско посредништво и предвидува дека само либанската армија и мировните сили на ОН (УНИФИЛ) остануваат во јужен Либан на границата со Израел, исклучувајќи го присуството и на Хезболах и на израелската армија.

Од потпишувањето на договорот, Израел продолжи да извршува напади врз Либан, тврдејќи дека ја гаѓа инфраструктурата на Хезболах, и ги задржа своите сили на пет позиции во земјата, кои ги опиша како стратешки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk