logo
logo
logo

Изборите во Венецуела не се приоритет за Трамп

Vecer | 05.01.2026

Изборите во Венецуела не се приоритет за Трамп

„Ќе тргнеме во тој правец, ќе ги поправиме работите. Ќе имаме избори во вистинско време, но главната работа што треба да ја поправите е дека тоа е распадната земја“, рече тој, пренесен од ДПА.

„Мораме да направиме едно нешто во Венецуела, да ја вратиме. Во моментов е мртва земја.“

Трамп рече дека ќе има „големи инвестиции од нафтените компании за да се врати инфраструктурата“ во Венецуела.

„Компаниите се подготвени да одат. Ќе влезат. Ќе ја обноват инфраструктурата.“

Трамп рече дека не разговарал со венецуелската потпретседателка Делси Родригез, која ја презеде улогата на вршител на должноста претседател по наредба на Врховниот суд до нови избори.

„Работиме со луѓето кои штотуку положија заклетва“, рече тој кога го прашаа дали разговарал со Родригез.

„Не ме прашувајте кој е главен, бидејќи јас ќе ви дадам одговор и тоа ќе биде многу контроверзно.“

Замолен да објасни, Трамп рече: „Тоа значи дека ние сме главни.“

САД во саботата рано утрината нападнаа повеќе цели во Венецуела, го заробија лидерот Николас Мадуро и го отстранија од земјата. Тој треба да се соочи со судење во Њујорк по обвиненија поврзани со шверц со дрога, потсетува ДПА.

Во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, на враќање за Вашингтон од неговата резиденција во Мар-а-Лаго, на Флорида, Трамп беше прашан дали американската операција била за нафта или за промена на режимот, на што тој одговори: „Станува збор за мир на Земјата“, пренесе ДПА. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk