logo
logo
logo

Избегната трагедија- тарантула го каснала пилотот, екипажот го спасил во последен момент

Vecer | 25.02.2025

Избегната трагедија- тарантула го каснала пилотот, екипажот го спасил во последен момент

Имено, за време на летот меѓу Дизелдорф и Мадрид, пилотот на шпанската компанија кој бил на контролите на Ербас А320 бил каснат од отровен пајак на 21 февруари.

Брзо е утврдено дека се работи за тарантула, чиј отров во повеќето случаи не е опасен за луѓето. Повеќето видови тарантула имаат слаб отров, сличен на отровот од пчела или оса, кој предизвикува локална болка, црвенило и оток, но генерално не е фатален.

Меѓутоа, со оглед на тоа дека пилотот бил алергичен на пајаци, каснувањето од тарантула можело да предизвика анафилактичен шок, кој можел да ги загрози животите на патниците во авионот поради евентуалната реакција на пилотот. За среќа, членовите на екипажот брзо реагирале и инјектирале кортикостероид од комплетот за прва помош, спречувајќи алергиска реакција.

Летот за Мадрид продолжил без дополнителни проблеми, а пилотот бил дополнително прегледан од медицинскиот персонал на аеродромот Барахас во шпанската престолнина.

Авионот бил подложен на процес на дезинсекција. Поради лекувањето, леталото доцнело три часа со полетувањето на следната рута од Мадрид до Виго.

Властите се сомневаат дека пајакот можеби влегол во авионот за време на застанувањето во Казабланка претходно таа недела, на 18 февруари, според порталот Aviation24.

Пред да биде откриен пајакот, авионот завршил неколку европски линии, слетајќи во Брисел, Цирих и Тулуз откако во вторникот ја напуштил Казабланка. Присуството на пајакот било забележано дури кога во петокот го каснал пилотот на летот за шпанската престолнина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk