logo
logo
logo

Италијанската влада денеска се очекува да усвои нови миграциски правила

Vecer | 18.09.2023

Италијанската влада денеска се очекува да усвои нови миграциски правила

Италијанската влада денеска се очекува да усвои нови миграциски правила поради миграциската криза на медитеранскиот остров Лампедуза, јави ДПА.

Секој ден илјадници мигранти пристигнуваат со бродови на малиот италијански остров меѓу Сицилија и Северна Африка. Постојниот прифатен центар на островот е преполн.

Откако вчера претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја посети Лампедуза и вети дека ќе се засили надзорот во Медитеранот, италијанската премиерка Џорџа Мелони сега сака да преземе мерки и на национално ниво.

Мелони претходно најави дека ќе ја зголеми максималната должина на задржувањето за депортација на 18 месеци. Според правилата на Европската унија, тоа е максимално дозволениот период.

Исто така, предвидено е италијанското Министерство за одбрана да добие инструкции да изгради соодветни центри за задржување на мигрантите кои илегално влегле во земјата. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk