logo
logo
logo

Италијанската премиерка Мелони во посета на Саудиска Арабија, а потоа ќе замине за Бахреин

Vecer | 25.01.2025

Италијанската премиерка Мелони во посета на Саудиска Арабија, а потоа ќе замине за Бахреин

- Италијанската премиерка Џорџа Мелони од денеска до понеделник престојува во посета на Саудиска Арабија, по што ќе замине за Бахреин, каде ќе разговара за ситуацијата во Сирија и Либан и други актуелни меѓународни прашања, соопштија извори блиски до италијанската Влада.

Премиерката денеска пристигна во Џеда за да го поздрави екипажот на еден италијански брод, а потоа ќе продолжи кон Ал Ула, археолошки локалитет и наследство на УНЕСКО, каде ќе се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Теми на разговор ќе бидат Сирија, Либан, израелско-палестинскиот конфликт, Јемен и Црвеното Море, Иран и Украина, соопштија извори од италијанската Влада.

Мелони и Салман ќе потпишат заедничка декларација за започнување на стратешко партнерство меѓу двете земји.

Предвидени се договори и во областа на одбраната, соработката во енергетскиот сектор, спортот и заштитата на културното и археолошкото наследство.

Во Ал Ула ќе се одржи тркалезна маса на која ќе учествуваат претставници на италијански и саудиски институции и големи компании. Се очекува да бидат потпишани неколку договори.

Мелони в понеделник ќе отпатува во Бахреин, што е прва посета на италијанскиот премиер на земјата, каде со кралот Хамад бин Иса Ал Калифа ќе разговара за клучните прашања од билатералната соработка, почнувајќи од одбраната и борбата против илегалната имиграција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk