logo
logo
logo

Италијанската премиерка Мелони пристигна во Вашингтон на средба со Трамп

Vecer | 17.04.2025

Италијанската премиерка Мелони пристигна во Вашингтон на средба со Трамп

Во текот на денешната средба во Вашингтон, италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе се обиде да го спречи американскиот претседател Доналд Трамп да воведе нови царини за Европската унија. Иако Мелони не е првиот избор на Брисел за преговори со Трамп, би можела да биде единствен, пишува Политико.

„Имаме сила, способност и интелигенција да ја надминеме секоја нова пречка. Веќе надминавме некои тешки пречки, а ќе има уште повеќе пред нас“, рече Мелони пред да замине за САД, нагласувајќи дека ќе се обиде да му објасни на Трамп зошто новите трговски мерки сериозно ќе се одразат на европската економија.

„Колку што можеме, мора да избегнеме трговска војна, бидејќи тоа само ќе го ослаби Западот“, додаде Мелони.

Трамп, кој претходно ја пофали Мелони како „прекрасна личност“ и ја покани на својата инаугурација во јануари, е познат по тоа што личните односи ги става во центарот на дипломатијата. Белата куќа очекува дека Мелони ќе ја искористи средбата за да се обиде да создаде простор за договор, и тоа во момент кога американско-европските трговски тензии повторно се во фаза на ескалација. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk