logo
logo
logo

Италија под вода- невремето со силен дожд парализира цели региони (ВИДЕО)

Vecer | 10.09.2025

Италија под вода- невремето со силен дожд парализира цели региони (ВИДЕО)

Најкритична е ситуацијата во Пиемонте, на островот Елба, во Тоскана, како и во близина на езерото Комо.

Поради количината на врнежи од дожд, метро станицата Маса Карара е целосно поплавена, а луѓето се евакуирани во областите околу езерото Комо.

Дел од автопатот Ларијана е затворен за сообраќај.

Неколку патишта во Комо се исто така затворени поради поплави, вклучувајќи го и патот покрај езерото.

Водата на островот Елба полека почна да се повлекува, но постои страв кај населението поради прогнозата за влошување на бурите.

Во текот на ноќта, пожарникарите во близина на Рим имаа повеќе од 100 интервенции поради бурата.

Силните ветрови кршеа дрвја на улиците, а некои автомобили беа уништени.

И до вечерва се очекуваат врнежи во делови од Италија, вклучувајќи дожд или грмотевици, а најавени се и силни ветрови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk