logo
logo
logo

Италија: Министерство за одбрана спроведува безбедносни мерки поради погребот на папата

Vecer | 25.04.2025

Италија: Министерство за одбрана спроведува безбедносни мерки поради погребот на папата

Од патроли на реката Тибар до беспилотни летала за надзор и снајперисти распоредени околу плоштадот „Свети Петар“, Рим се подготвува со поставување целосно модерен безбедносен штит за време на погребот на папата Франциск, на кој се очекува да присуствуваат повеќе од 200.000 луѓе.

Италијанското Министерство за одбрана спроведува засилени безбедносни мерки поради погребот со распоредување системи против дронови, борбени авиони „Еурофајтер“ и воен брод разурнувач покрај брегот на Фјумичино, соопштија официјални претставници.

Тие изјавија дека покрај системот против беспилотни летала, ќе бидат распоредени и борбени авиони и разурнувач покрај брегот на Фјумичино во централниот италијански регион Лацио, во кој спаѓа и Рим, за да се осигури воздушната и поморската безбедност на целиот регион, објави италијанската новинска агенција АНСА. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk