logo
logo
logo

Италија, Франција и Германија бараат ЕУ да воведе санкции против Хамас

Vecer | 11.12.2023

Италија, Франција и Германија бараат ЕУ да воведе санкции против Хамас

„Го поддржуваме предлогот за воведување ад хок санкции против Хамас и неговите поддржувачи“, се вели во писмото.

„Брзото усвојување на санкцијата ќе ни овозможи да испратиме силна политичка порака дека ЕУ е против Хамас и е солидарна со Израел“, велат министрите.

Тие нагласуваат дека е важно ЕУ да ги преземе „сите неопходни мерки против терористичката група Хамас и нејзините поддржувачи“.

„Ова подразбира посилна европска посветеност и на борбата против инфраструктурата и финансиската поддршка на Хамас, како и на меѓународната изолација и делегитимизација на Хамас, што на ниту еден начин не ги претставува Палестинците или нивните легитимни аспирации“, се вели во писмото .

Хамас веќе е наведен како терористичка организација од Европската Унија, што значи дека сите средства или имоти што ги има во ЕУ треба да се замрзнат. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk