Италија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати денеска потпишаа договор вреден најмалку една милијарда евра за изградба на подморска интерконекција за обновлива енергија преку Јадранското Море.
„Ние цврсто веруваме во овој проект кој ги вклучува нашите три влади, како и нашиот приватен сектор и мрежни оператори“, рече италијанската премиерка Џорџа Мелони, најавувајќи го договорот на Светскиот самит за енергетска иднина во Абу Даби.
Партнерството на три држави, кое има за цел производство на зелена енергија во Албанија и извоз во Италија преку подводни кабли, ќе ги вклучи италијанскиот мрежен оператор Терна и Националната енергетска компанија на ОАЕ (Така), рече албанскиот премиер Еди Рама.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата