Авион на армијата на Малави исчезнал од радарите по полетувањето од главниот град Лилонгве утрово по локално време, се додава во соопштението, јавува Би-би-си.
Претседателот наредил операција за пребарување и спасување откако претставниците на авијацијата не успеале да остварат контакт со авионот.
Авионот требало да слета на меѓународниот аеродром Мзузу, на северот од земјата, нешто по 10:00 часот по локално време.
Откако бил информиран за инцидентот, претседателот на Малави, Лазарус Чаквера го откажал планираниот лет до Бахамите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата