Капетанот Тим Хокинс, портпарол на американскиот команден центар, потврди дека авионот од петта генерација „вршел борбена мисија над Иран“ кога морал да изврши итно слетување. Хокинс додаде дека авионот слета безбедно и дека инцидентот е под истрага.
„Авионот слета безбедно, а пилотот е во стабилна состојба. Овој инцидент е под истрага“, рече Хокинс.
Хегсет денеска изјави дека противвоздушните системи на Иран се „целосно уништени“.
Овој инцидент би бил првпат Иран да погоди американски авион во војната што започна кон крајот на февруари. И САД и Израел го користат Ф-35 во конфликт, а цената на авионот надминува 100 милиони долари.
Присилното слетување доаѓа во време кога високи американски претставници продолжуваат да тврдат дека нивната кампања против Иран била во голема мера успешна. Министерот за одбрана Пит Хегсет денес изјави дека САД „дефинитивно победиле“ и дека противвоздушните системи на Иранците се „тотално уништени“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата