logo
logo
logo

Иранските граничари застрелаа десет Авганистанци кои се обиделе илегално да ја преминат границата

Vecer | 02.12.2025

Иранските граничари застрелаа десет Авганистанци кои се обиделе илегално да ја преминат границата

Инцидентот се случи во западната авганистанска покраина Фарах, на границата со Иран, а двајца членови на групата која се обидела илегално да влезе во Иран се водат како исчезнати.

Илјадници Авганистанци секоја година се обидуваат илегално да влезат во Иран, поттикнати од тешката сиромаштија, невработеноста и последиците од природните катастрофи и децениските конфликти. Во 2025 година, десетици илјади авганистански мигранти и бегалци беа депортирани од Иран откако Техеран воведе рок до 6 јули Авганистанците кои немаат документи да ја напуштат земјата. Голем број Авганистанци се вратија во татковината по конфликт помеѓу Иран и Израел. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk