logo
logo
logo

Иранскиот министер Арагчи отпатува за Москва, Трамп му кажа да се јави ако сакаат да преговараат

Vecer | 27.04.2026

Иранскиот министер Арагчи отпатува за Москва, Трамп му кажа да се јави ако сакаат да преговараат

Изјавата ја даде пред средбата со рускиот претседател Путин во Санкт Петерсбург со кого како што кажа ќе разговара за актуелниот конфликт на блискиот исток. Арагчи посочи и дека двете земји имаат усогласени ставови кога станува збор за регионалните и меѓународни прашања. Посетата на Арагчи се случува во момент кога тензиите меѓу Иран и САД околу стратешкиот Ормуски теснец и натаму траат, и покрај прекинот на огнот, што продолжува да врши притисок врз цените на нафтата на светските берзи.

-Пристапот на САД во последната рунда преговори предизвика тие да пропаднат и да се постигнат резултати и покрај напредокот кој се постигна. Имаа претерани барања и погрешен пристап со кој настапија. Беше потребно да се разгледа последната ситуација со нашите пријатели во Пакистан и тоа беше добра посета. Разгледувме што се случи до сега и под кои услови разговорите можат да продолжат,- - Абас Аракчи – Министер за надворешни работи на Иран.

 Средбата Арагчи-Путин доаѓа откако американскиот претседател Трамп ја откажа планираната посета на неговите пратеници Витков и Кушнер кои во Исламабад требаше да се сретнат со иранските претставници. Трамп потоа ја бранеше неговата одлука, изјавувајќи дека иранските власти можат да се јават доколку сакаат да продолжат со разговорите, повторувајќи дека конфликтот би можел брзо да заврши.

-Ќе преговараме преку телефон и тие (Иран) можат да ни се јават било кога. Ние ги имаме сите карти, тие практично немаат повеќе војска, немаат останато лидери, не знаеме кои им се лидерите. Никој не знае кои им се лидерите, не знам ни тие дали знаат кои им се лидери,- - Доналд Трамп – Претседател на САД.

Американскиот портал „Аксиос“ во меѓувреме, повикувајќи се на извори вклучени во преговорите пренесува дека Техеран испратил нов предлог до Вашингтон за деблокирање на Ормускиот теснец и ставање крај на војната. Според предлогот, примирјето меѓу двете страни би продолжило за подолг период, а преговорите за нуклеарното оружје би почнале во подоцнежна фаза. Неизвесноста околу примирјето пак, повторно влијае врз цените на нафтата на светските берзи кои за прв пат од почетокот на месецот се искачија на над 107 долари за барел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk