На местото на несреќата избувна пожар, кој потоа е ставен под контрола. Експертите велат дека во Иран многу често има вакви несреќи. Многу од инцидентите се поврзани со авиони купени пред Исламската револуција во 1979 година, за кои на Иран му недостигаат оригинални резервни делови.
Борбен авион Ф-4 произведен во САД, кој припаѓаше на иранските воздухопловни сили, се урна минатата недела за време на тренинг лет во западната покраина Хамадан. Еден од пилотите загина во несреќата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата