logo
logo
logo

Иран: Трамп се повлече по нашето цврсто предупредување

Vecer | 23.03.2026

Иран: Трамп се повлече по нашето цврсто предупредување

Во меѓувреме, Амбасадата на Иран во Кабул на социјалните мрежи објави дека Трамп се повлекол по иранските закани дека мета ќе биде енергетската инфраструктура во регионот.

Претходно, Трамп соопшти дека наредил привремено одложување на сите напади врз иранската енергетска инфраструктура за период од пет дена, по, како што наведе, „многу добрите и продуктивни разговори“ меѓу САД и Иран за целосно завршување на непријателствата на Блискиот Исток.

Во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“ (Truth Social), Трамп истакна дека во изминатите два дена биле одржани „детални, опсежни и конструктивни разговори“ меѓу двете страни, кои ќе продолжат во текот на неделата.

Врз основа на карактерот и тонот на тие разговори, наредив Министерството за одбрана да ги одложи сите воени удари врз иранските енергетски постројки и инфраструктура за пет дена, под услов тековните состаноци и разговори да бидат успешни, напиша Трамп.

Тој пред два дена се закани дека САД ќе ги „уништат“ иранските електрани доколку Техеран не ја отвори целосно и без услови Ормутска Теснина во рок од 48 часа.

Иранската новинска агенција Фарс објави дека Иран немал ниту директна ниту индиректна комуникација со САД. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk