Во соопштението се вели дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување поморска блокада и ограничување на превозот низ Ормускиот теснец се оценети како „неефикасни“ и не придонесуваат за решавање на кризата.
Изворот тврди дека ваквите потези би можеле да имаат последици за поширокиот регион, вклучително и за стратешки важниот теснец Баб ел-Мандаб, предупредувајќи дека тоа ќе ги зголеми трошоците за транспорт на енергија и глобалната трговија.
Соопштението дојде откако Трамп претходно изјави дека американската морнарица ќе започне со блокада на бродовите во Ормуз, што предизвика нови тензии во регионот и остри реакции од Иран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата