Ниедна ракета не ја погодила базата, но тој потег претставува прва оперативна употреба на интерконтинентални балистички ракети со среден дострел од страна на Иран и обид да погоди подалеку од Блискиот Исток и да ги загрози воените капацитети на САД, објави американскиот весник.
Една од ракетите откажала во летот, а американски воен брод испукалл пресретнувач SM-3 кон другата, според две лица.
Не е потврдено дали пресретнувањето било успешно, според еден од функционерите.
Ниеден американски или британски функционер сè уште не ги потврдил наводите на весникот.
Пентагон не одговори на барањето на медиумите во врска со извештајот на „Волстрит џурнал“. Нема официјални реакции од други институции контактирани за коментар, вклучувајќи ја Белата куќа и британската амбасада во Вашингтон.
Островот се наоѓа на околу 4.000 км од иранската територија. Сепак, нападот сугерира дека Техеран има ракети со поголем дострел отколку што се сметаше претходно, наведува „Волстрит џурнал“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата