logo
logo
logo

Иран прифати четврт круг индиректни нуклеарни преговори со САД

Vecer | 09.05.2025

Иран прифати четврт круг индиректни нуклеарни преговори со САД

Четвртиот круг преговори, кој првично беше закажан за 3 мај во Рим, беше одложен поради „логистички причини“, соопшти Оман како посредник.

- По предлог на министерот за надворешни работи на Оман, четвртиот круг од преговорите ќе се одржи в недела, а Техеран ја прифати иницијативата, изјавил неименуван член на иранската делегација.

Од Вашингтон, американски медиуми јавуваат дека специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, в недела ќе отпатува за Оман

Трамп, кој ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, се закани со бомбардирање на Иран ако не се постигне договор со неговата администрација.

Западните држави тврдат дека нуклеарната програма на Иран има цел производство на оружје, додека Иран инсистира дека програмата е исклучиво за цивилни цели. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk