logo
logo
logo

Иран обвинува: САД и Израел ги претвораат нуклеарните преговори во стапица

Vecer | 10.06.2025

Иран обвинува: САД и Израел ги претвораат нуклеарните преговори во стапица

„САД воопшто не преговараат сериозно. Нивна цел е наметнување на нивните барања, а нивните агресивни позиции се целосно спротивни на неотуѓивите права на иранскиот народ“, се вели во изјавата на иранските пратеници.

Вчера американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека двете страни имаат различни ставови за збогатувањето на ураниум од страна на Иран, што, според иранските законодавци, е дел од нуклеарната програма на земјата и не подлежи на преговори. Додека Трамп изјави дека следниот круг преговори ќе се одржи в четврток, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, соопшти дека средбата е закажана за в недела во Маскат, главниот град на Оман.

Иран ќе презентира контра-предлог на американскиот план за нуклеарниот договор, кој Техеран го смета за неприфатлив поради позицијата за збогатувањето на ураниум и недостигот на детали за укинувањето на санкциите. „Единствениот прифатлив договор е оној што целосно ќе ги укине сите санкции за да се обезбедат економски придобивки за Иран“, додадоа пратениците. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk