Иран склучи договор со Кина за набавка на нова опрема за воздушна одбрана откако руските ракетни системи С-300 не ги исполнија очекувањата за време на дванаесетдневниот вооружен конфликт со Израел, јавуваат локални медиуми.
Наводно, плаќањето е извршено со нафта, а системите се испорачани откако стапи на сила прекинот на огнот на 24 јуни.
Не се наведува кои кинески модели се купени, но за време на конфликтот израелските воздушни сили успеаја да нападнат ирански нуклеарни објекти без да бидат пресретнати. Само една база со С-300 работела правилно, а останатите биле погодени од кибер-напади.
Според иранската агенција Тасним, иранските воздушни сили претрпеле загуби од 30%.
Покрај набавката на новите кинески ракети, Иран се откажал и од планираната набавка на руски борбени авиони, одлучувајќи се за кинески ловци.
Овие нови набавки се толкуваат како обид за брза модернизација на одбраната по сериозните загуби во последниот конфликт.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата