logo
logo
logo

Иран издаде предупредување за евакуација на израелски новински ТВ-канали

Vecer | 16.06.2025

Иран издаде предупредување за евакуација на израелски новински ТВ-канали

„Иран издаде предупредување за евакуација за израелските канали N12 и N14. Оваа наредба доаѓа како одговор на непријателскиот напад на ционистичкиот непријател врз радиодифузната служба на Исламската Република Иран“, објави државната телевизија. 

Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија претходно денеска напад врз Информативната мрежа на Исламска Република Иран (ИРИНН), управувана од државниот радиодифузер ИРИБ, објавија израелските медиуми. Според нив, програмата на државната државна телевизија на Исламска Република Иран е во прекин.

Нападот уследи откако израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека „иранскиот мегафон на пропаганда и поттикнување е на работ на исчезнување“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk