logo
logo
logo

Иран им се заканува на САД по израелскиот напад: Жестоко ќе платите

Vecer | 13.06.2025

Иран им се заканува на САД по израелскиот напад: Жестоко ќе платите

„Вооружените сили сигурно ќе одговорат на овој ционистички напад“, рече портпаролот Аболфазл Шекарчи.

Друг безбедносен извор изјави за Ројтерс дека Иран планира да „даде остар одговор“ на израелскиот напад започнат рано во петокот против неговата нуклеарна програма, кој погоди десетици цели низ Исламската Република. Во нападите беше убиен командантот на Иранската револуционерна гарда, Хосеин Салами.

„Одговорот на израелскиот напад ќе биде остар и решителен“, рече функционерот, додавајќи дека „деталите за одмаздата на Иран се дискутираат на највисоко ниво“ кога беше прашан дали одговорот ќе биде итен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk