logo
logo
logo

Иран ги обвини САД за соучесништво со Израел и го оцени како „бесмислен“ дијалогот

Vecer | 14.06.2025

Иран ги обвини САД за соучесништво со Израел и го оцени како „бесмислен“ дијалогот

Дијалогот на Техеран со САД за нуклеарната програма на Иран станува „бесмислен“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи, по израелски воздушни напади.

- Другата страна (САД) дејствува на начин што го прави дијалогот бесмислен. Не можете да тврдите дека преговарате, а во исто време да ги делите задачите дозволувајќи му на ционистичкиот режим (Израел) да ја таргетира иранската територија, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, цитиран од новинската агенција Тасним.

Тој рече дека Израел „успеал да влијае“ на дипломатскиот процес и дека израелските напади немало да се случат без дозвола од Вашингтон.

Техеран претходно ги обвини САД за соучество во израелските напади, но Вашингтон го негираше ова.

Претставникот на САД во Советот за безбедност на ОН рече дека би било „мудро“ Иран да ги продолжи разговорите за својата нуклеарна програма.

Шестата рунда американско-ирански разговори требаше да се одржи во Оман во понеделник.

Иран негира дека неговата програма за збогатување ураниум е за нешто друго освен за мирни цели и ги отфрли обвинувањата на Израел дека тајно развива нуклеарно оружје.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој и неговиот тим знаеле за плановите на Израел да го нападне Иран, но нагласи дека сè уште постои шанса за договор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk