logo
logo
logo

Ирачанец бил мажот, кој вчера влета во група минувачи во германскиот град Пасау

Vecer | 08.06.2025

Ирачанец бил мажот, кој вчера влета во група минувачи во германскиот град Пасау

„За време на кривичната истрага, постојат индиции дека можна битка за старателство била повод за инцидентот“, соопшти полицијата. Двојката и детето живееле во областа Пасау. Мажот, 48-годишен државјанин на Ирак, е приведен и се испрашува. Не е познато дали дал изјава за инцидентот.

Тој денеска е притворен. Истрагата ја презеде кривичната полиција заедно со државното обвинителство на Пасау. Според досегашните сознанија, мажот е обвинет за обид за убиство, откако влета во група минувачи.

Неговата сопруга и ќерка, заедно со уште три повредени лица, се однесени во болница. Ниту еден од повредените не е во животно-загрозувачка состојба, потврди портпаролот на полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk