logo
logo
logo

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

Vecer | 15.09.2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

Според анкетата спроведена на 11 и 12 септември, популарноста на Макрон е помала за седум процентни поени во споредба со јули 2025 година и изнесува 17 проценти на одобрување, што е најниско ниво досега забележано откако тој дојде на власт во 2017 година, објавува „Трибин д'Диманш“.

Дополнително, се забележува дека новоизбраниот премиер Себастијан Лекорни, кој беше назначен од Макрон, веќе има висок негативен рејтинг и е непозната политичка фигура за многу испитаници.

Анкетата на Ипсос покажа дека најпопуларните политичари кои ќе можат да го заменат Макрон како претседател на Франција во 2027 година се лидерите на крајно десничарската партија Национално собрание (RN), Џордан Бардела со 35 проценти позитивни мислења и Марин Ле Пен со 32 проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk