logo
logo
logo

Инфантино за мировниот самит во Газа: Благодарен сум на Трамп за поканата

Vecer | 14.10.2025

Инфантино за мировниот самит во Газа: Благодарен сум на Трамп за поканата

Џани Инфантино му се заблагодари на Доналд Трамп за поканата за самитот во Газа. Вчера  претседателот на ФИФА присуствуваше на самитот во Египет, кој беше посветен на формалното потпишување на договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

- Присуствував на исклучително важниот мировен самит во Шарм ел Шеик, Египет, на кој копретседатели беа американскиот претседател Доналд Трамп и египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, а имаше за цел воспоставување нова ера на безбедност и стабилност во регионот. Присуството на светски лидери од многу земји и делегати на ОН, меѓу другите, покажува обединет напор - цврсто верувам дека сите треба да се обединиме за да градиме мостови и сум благодарен на сите за нивната поддршка за мирот, особено на претседателот на Соединетите Американски Држави што ме покани на овој самит, напиша Инфантино, објавувајќи.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска федерација (УЕФА) беа под притисок од одредени фудбалски лидери да ги суспендираат израелската репрезентација и клубови од таа држава поради војната во Газа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk