logo
logo
logo

Индонезија гради ѕид долг 535 километри за заштита од подигање на нивото на морето

Vecer | 21.10.2025

Индонезија гради ѕид долг 535 километри за заштита од подигање на нивото на морето

Прабово објасни дека изградбата на ѕид долг 535 километри по должината на брегот на Северна Јава е решението на владата за зголемувањето на нивото на морето за околу пет сантиметри годишно поради ефектите од климатските промени.

„Започнавме подготовки за изградба на ѕид долг 535 километри на северниот брег на Јава за да заштитиме 50 милиони луѓе од зголемувањето на нивото на морето за пет сантиметри годишно“, изјави претседателот вчера на состанокот на кабинетот во Џакарта. Според претседателот, заканата од климатските промени би можела да загрози 60 проценти од националната индустрија на северниот брег на Јава. Исто така, во Индонезија постојат големи оризови полиња кои би можеле да бидат загрозени, додаде тој.

Тој нагласи дека државата има должност да ги заштити луѓето и стратешките средства на нацијата. Изградбата на ѕидот, која е планирана од 1995 година, ќе чини најмалку 80 милијарди американски долари. „Проектот е од клучно значење, тоа е мегапроект. Не знам кој претседател ќе го заврши, но мора да започнеме и ќе започнеме“, рече Субианто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk