Тоа е прва таква изјава од Индија по неколку месеци по военот конфликт на земјата со соседен Пакистан во последните децении.
Повеќето пакистански авиони беа соборени од индиските ракетни системи земја-воздух С-400, произведени во Русија, изјави генерал А.П. Синг на настан во јужниот град Бенгалуру, во државата Карнатака. Тој ги наведе податоците за електронско следење како потврда за соборените авиони.
„Имаме потврда за соборување на најмалку пет борбени авиони и еден голем авион“, рече тој, додавајќи дека големиот авион, кој може да биде авион за набљудување, бил соборен на растојание од 300 километри.
Пакистанската војска не одговори веднаш на барањата за коментар. Генералот Синг не прецизираше каков тип на авиони се соборени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата