Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека Канада не доставила никакви информации за тврдењето и дека Њу Делхи е подготвен да го разгледа доколку го добие.
Суспендирањето на новите визи за граѓаните на една западна земја досега беше незамисливо и укажува дека односите меѓу Индија и Канада се на најниска точка.
Доаѓа неколку часа откако канадската амбасада во Индија објави дека привремено ќе го „прилагоди“ својот персонал откако некои дипломати добиле закани на социјалните мрежи.
Трудо во понеделникот објави дека канадското разузнавање активно ги истражува веродостојните наводи кои ги поврзуваат индиските агенти со убиството на Хардиб Синг Ниџар (45) во јуни во Британска Колумбија.
Индија брзо го отфрли тврдењето како апсурдно. Њу Делхи, кој ја повикува Отава да дејствува против антииндиските елементи, долго време не е задоволен од сепаратистичките активности на Сиките во Канада.
Канада има најголема популација на Сиките надвор од Пенџаб. Околу 770 илјади луѓе го навеле сикизмот како своја религија на пописот во 2021 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата