По повеќе од четири децении, Индија, Полска и Унгарија ги имаат своите први астронаути во орбитата, благодарение на приватна мисија до Меѓународната вселенска станица организирана од компанијата Axiom Space, со логистичка поддршка од SpaceX. Екипажот беше придружуван од искусната американска астронаутка Пеги Витсон. Се проценува дека трошокот за две недели престој во вселената изнесува околу 65 милиони долари по лице.
Почетокот на мисијата беше одложен заради утврдено истекување на кислород на ракетата Falcon, на што SpaceX мораше да интервенира со поправки. Дополнително, НАСА го помести полетувањето за да се надминат хроничните проблеми со истекување на воздух на рускиот дел од Меѓународната вселенска станица.
Кој се наоѓа во екипажот?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата