logo
logo
logo

Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот

Vecer | 11.05.2025

Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот

 Индија и Пакистан денеска упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот, само неколку часа откако го прогласија прекинот на огнот договорен по преговорите предводени од Соединетите Американски Држави за завршување на најсериозниот воен конфликт меѓу нуклеарно вооружените ривали во последните децении, јавија светските агенции.

Повеќе експлозии се слушнаа во два големи града во Кашмир, под контрола на Индија, неколку дена по постигнувањето на договорот.

Индискиот министер за надворешни работи, Викрам Мисри доцна синоќа изјави дека „имало повеќекратни прекршувања на договорот постигнат меѓу двете земји“ и го обвини Пакистан за кршење на договорот. Мисри рече дека индиската армија „го возвраќа ударот“ за тоа што го нарече „упад на границата“.

Пакистанското Министерство за надворешни работи ги обвини индиските сили за иницирање прекршувања на прекинот на огнот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk