logo
logo
logo

Индија и Пакистан разменија оган на границата кај Кашмир, тензиите растат

Vecer | 25.04.2025

Индија и Пакистан разменија оган на границата кај Кашмир, тензиите растат

Индиските војници пукаа кон пакистански граничен пункт во регионот Липа во текот на ноќта, изјавија двајца разузнавачки службеници за ДПА.

„Нашите војници возвратија на огнот со лесно оружје. Пукањето сега е запрено“, рече еден официјален претставник, додавајќи дека не се регистрирани жртви од двете страни.

Размената доаѓа во време кога јужноазиските земји се соочуваат со смртоносен напад од терористи во индискиот дел од Кашмир претходно оваа недела, што резултираше со смрт на 26 туристи и доведување на двете земји на работ на уште еден конфликт.

Њу Делхи за вооружениот напад обвини милитантна група за која се тврди дека дејствува од Пакистан. Исламабад ги негира обвиненијата.

Според индиските медиуми, приближно 1.500 лица се уапсени во хималајскиот регион во врска со нападот за испрашување за можни врски со сторителите. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk