logo
logo
logo

Именуван нов премиер на Мадагаскар, демонстрациите продолжуваат

Vecer | 07.10.2025

Именуван нов премиер на Мадагаскар, демонстрациите продолжуваат

Тој го назначи новиот премиер една недела откако ја разреши владата како одговор на протестите предизвикани од постојаните прекини на електричната енергија и недостигот на вода.

Младите луѓе на улиците бараа промени – оставка на претседателот, реформа на изборниот систем и подобри основни услуги.

Реакцијата на властите беше доста сурова, воведувајќи полициски час во главниот град и користејќи солзавец и гумени куршуми.

Иако ја разреши владата за да ја смири ситуацијата, демонстрациите не престанаа.

Движењето Генерација З го почна протестот и отиде многу подалеку од почетното негодување поради недостигот на вода и електрична енергија на овој сиромашен остров во Индискиот Океан.

Движењето Генерација З ги носи „пиратските знамиња“ од јапонската серија „One Piece“, симбол што се гледа во протестните движења против режимот во Индонезија и Непал.

Движењето е именувано по генерацијата родена помеѓу крајот на 1990-тите и почетокот на 2010-тите.

Ова се најголемите демонстрации од претседателските избори во 2023 година.

И покрај своите исклучителни природни ресурси, Мадагаскар е една од најсиромашните земји во светот.

Според Светската банка, 75 проценти од населението било под линијата на сиромаштија во 2022 година.

Според Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, Мадагаскар е на 140-то место од 180 земји. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk