Откако беа пребројани гласовите и стана јасно дека новиот папа е избран, гласачките ливчиња беа изгорени и беше додадена посебна хемикалија за да се произведе бел чад, додека камбаните на базиликата „Свети Петар“ заѕвонија за да ги известат воодушевените верници.
White smoke! pic.twitter.com/rdZcKZqefU
— Eleonora.Chiarella (@Ele_Chiarella) May 8, 2025
Во исто време, сè поголем број верници почнаа да пристигнуваат на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан за да го слушнат првото обраќање на новиот папа.
Соопштението на латински Habemus Papam ќе го изговори кардиналот протоѓакон. Соопштението ќе биде објавено од централниот балкон на црквата „Свети Петар“ во Ватикан.
По објавувањето, новоизбраниот папа ќе биде претставен и ќе го даде својот прв благослов, или обраќањето „Urbi et Orbi“ (До градот Рим и светот).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата