logo
logo
logo

Илјадници во Будимпешта протестираат против забрана за Парадата на гордоста (ВИДЕО)

Vecer | 25.03.2025

Илјадници во Будимпешта протестираат против забрана за Парадата на гордоста (ВИДЕО)

Новинарите на Ројтерс на местото на настанот процениле дека околу 2.000 луѓе учествувале на протестот, извикувајќи „Европа“ и „Валкани фидеси“ додека се обидувале да блокираат клучен мост во Будимпешта.

„Подмолниот закон усвоен (минатиот) вторник не е само за забрана на Прајд, тој ефективно дозволува задушување на каква било форма на протест во иднина“, напиша на Фејсбук организаторот на протестот Акос Хаџази, независен пратеник во парламентот.

Демонстрантката Жужа Сабо (72), која дојде на протестот од Кечкемет, рече дека не се работи за гордост, туку за слобода на собирање, што, како што тврди, владата на премиерот Виктор Орбан се обидува да го „ограничи, а можеби и целосно да го запре“.

Унгарскиот парламент усвои закон предложен минатата недела од пратениците на владејачката партија Фидес за забрана на Парадата на гордоста со образложение дека може да биде штетна за децата.

Либералниот градоначалник на Будимпешта, Гергели Карачони, го критикуваше законот, а членовите на опозициската партија Моментум запалија димни ракети во знак на протест за време на гласањето во парламентот.

Организаторите на фестивалот тврдат дека годишната Парада на гордоста не претставува закана за децата и дека планираат да го одржат Прајд и покрај забраната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk