logo
logo
logo

Илјадници луѓе на антиимиграциските митинзи низ Австралија

Vecer | 31.08.2025

Илјадници луѓе на антиимиграциските митинзи низ Австралија

Антиимиграциските собири „Марш за Австралија“ се одржаа во Сиднеј и други поголеми градови и регионални центри.

„Масовната миграција ги раскина врските што ги држеа нашите заедници заедно“, се наведува на веб-страницата на организаторите. Според нив,  целта на собирите е да се направи „тоа што мејнстрим политичарите никогаш немаат храброст да го направат: да се побара крај на масовната имиграција“.

Министерот за труд, Мареј, Ват за телевизија Скај њуз изјави дека ги осудува антиимиграциските протести.

„Апсолутно го осудуваме митингот „Марш за Австралија“ што се одржува денес. Не ги поддржуваме ваквите собири што имаат за цел ширење омраза и поделба на нашата заедница“, рече Ват.

Тој изјави дека антиимиграциските протести биле „организирани и промовирани“ од неонацистички групи.

Во исто време, во Сиднеј се одржаа контрапротести, во кои учествуваа до 8.000 лица, а кои беа организирани од Коалицијата за акција против бегалци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk