logo
logo
logo

ИДФ: Уништени 900 цели во Иран, убиени 11 нуклеарни научници

Vecer | 27.06.2025

ИДФ: Уништени 900 цели во Иран, убиени 11 нуклеарни научници

Израелската војска тврди дека операцијата резултирала со смрт на 11 ирански нуклеарни научници и 30 високи безбедносни службеници, вклучувајќи тројца високо рангирани команданти, објави Си-Ен-Ен.

Според ИДФ, операцијата уништила повеќе од 900 цели, вклучувајќи 200 ракетни лансери, кои израелската војска ги наведува како половина од сите ирански лансери.

Нападите, исто така, уништиле авиони и постројки за производство на ракети, „со што се спречило производство на илјадници дополнителни ракети“, се вели во соопштението на израелската војска.

Претходно, на 26 јуни, израелскиот министер за одбрана Израел Кац во интервју за Канал 13 изјави дека нема можност да се елиминира иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи за време на нападот, но нагласи дека Израел ќе „дејствува“ доколку се појави таква можност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk