Закут бил убиен на 13 декември при израелски воздушен напад. За време на нападот Закут бил во автомобил заедно со Раед Саед, кој според ИДФ е „еден од архитектите“ на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.
Според ИДФ, Заед изминатата година бил одговорен за собирање и префрлање на десетици милиони долари на вооруженото крило на Хамас за да се обезбеди продолжување на борбите против Израел.
Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Калил ал-Хаја ја потврди смртта на „командантот Раед Саид“ и „неговите придружници“.
Според израелската армија, Саид го надгледувал производството на оружје за военото крило на Хамас и го надгледувал „зајакнувањето на капацитетите“ на исламистичкото движење.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата