Израелските одбранбени сили издадоа итно предупредување до оние кои се наоѓаат во или во близина на иранските воено-индустриски и воени инфраструктурни објекти низ Иран, повикувајќи ги да ги евакуираат областите за сопствена безбедност.
„Итно предупредување до сите оние кои се наоѓаат во или во близина на иранските воено-индустриски и воени инфраструктурни објекти низ Иран“, изјави портпаролот на ИДФ, Камал Пенхаси.
„За ваша безбедност, ве молиме веднаш да ја евакуирате областа и да не се приближувате до понатамошно известување. Вашето присуство во овие области ги загрозува вашите животи“, додаде Пенхаси.
Израел и САД започнаа напади врз Иран утрово, по што Техеран одговори со напад врз северен Израел.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата