logo
logo
logo

И официјално забранета работата на УНРВА во источен Ерусалим и Израел

Vecer | 30.01.2025

И официјално забранета работата на УНРВА во источен Ерусалим и Израел

Забраната, која израелскиот парламент ја усвои пред три месеци, стапи во сила откако израелскиот Врховен суд го одби барањето за суспендирање на забраната, пишува Скај Њуз.

Израел ја обвини УНРВА дека е поврзана со Хамас во Појасот Газа, што организацијата го негира. Девет вработени во УНРВА беа отпуштени поради нивната наводна вмешаност во терористичките напади на 7 октомври.

И покрај тоа што неколку земји го прекинаа финансирањето на организацијата, повеќето донатори, вклучително и Велика Британија, продолжија да обезбедуваат средства за Агенцијата.

- УНРВА е исто што и Хамас, рече портпаролот на израелската влада, додавајќи дека Израел објавил, како што тврди, „непобитни докази“ за присуството на членови на Хамас во рамките на УНРВА. Сепак, докази за такви врски во Ерусалим и Западниот Брег не се презентирани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk